Очигледно е дека одредени медиуми во општината кои за осум години владеење на сега веќе бившиот градоначалник не напишаа ниту еден негативен збор за неговото работење (и врапчињата знаат од кои причини) постојано со објави во завиена форма сакаат да дискредитираат други медиуми со цел да одбранат нешто што не се брани.

Имено текстот објавен на порталот www.komarec.com.mk околу враќањето на стариот грб на градот и враќањето на името на историската улица „Маршал Тито“ по се изгледа погоди онаму каде и беше наменето, па во денешните вести со цел да ја дискредитираат објавата, повторно се јавија како адвокати ѝ на оние што ги изгласаа ваквите промени и на оној што менаџираше со општината од 2009 до 2017 година.

Во потполност ја разбираме нивната загриженост бидејќи тие на годишно ниво добиваа толку средства од општината (средства што се собираат од граѓаните) што и да не сакаат, сега мора да бранат нешто што и самите знаат дека не се брани, но мора некако да го одработат она што некој им го дал.

Досега никогаш не сме полемизирале со ниту едно од гласилата во општината, но очигледно е дека овој пат ќе мораме да го прекршиме тоа правило.

За да не биде директна критиката од нивна страна кон нашата објава, тие најпрвин се занимаваат со нешто што никаде не спомнато, објавуваат дека со боењето на оградите на мостовите, на малите мовчиња поставени во речното корите, на оградите на училиштата, на фасадите почнала да доминира црвено-жолтата боја и дека тие две бои како што јавува медиумот за едни биле вмровски за други боите од Македонското знаме, дека знамињата се поставиле на високи јарболи и дека тоа значело одбележување на територијата на Република Македонија (иако Република Македонија си има свои граници).

На крајот својата објава ја завршуваат со реченицата читано меѓу редови дека објавата за враќањето на стариот грб на општината и враќањето на името на улицата „Маршал Тито“ се прашања кои наместо да сплотувале тие разделувале.

Последната речница е сосема наместо и во целост ји ние ја подржуваме, бидејќи кога нивните ментори беа на власт тие ги направија промените со што најпрвин го иритираа градското население а потоа и го поделија и на еден провиден начин  покажаа дека сакаат да ги уништат сите традиции што ги има општината. Би ги потсетиле дека освен овие две промени непотребно ги исекоа врбите на левиот кеј од Кочанска река (не потекнуваат од градот и не можат да го разберат нивното значење и нивната историја), го укинаа празнувањето на 7-ми Септември а како примарно воведоа „Петровденски празнувања“, на фудбалскиот клуб „Осогово“ му додадоа придавка „градски“, едноставно сета традиција ја сменија по се изгледа сакајќи да покажат дека историјата во градот започнува со нив.

Таквата одбраа и критиките кон други објави од нивна страна, во целост ја разбираме бидејќи рековме треба да ги одработат големите приходи што токму од општината ги добиваа, на каков начин? се надеваме дека мошне бргу ќе се дознае.

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари