Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев оствари средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Посетата на секторите и полициските станици во Македонија ја започнувам од Кочани. Неопходна е соработка со единиците на локалната самоуправа, за да можеме заеднички да учествуваме во подобрувањето на јавната безбедност. Ставањето во функција на позорната служба е една од нашите задачи што ја бараат граѓаните“ рече на средбата министерот Спасовски.

Градоначалникот Илијев, претставувајќи ги принципите на законито и транспарентно работење во Општината, истакна дел од потребите и проблемите на Општината и во секојдневното живеење. Тој ја нагласи потребата од поддршка од државниот буџет за побрзо надминување на сегашните состојби. Посебен акцент стави на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Спасовски најави стручна поддршка од Министерството во изработка на сообраќајна студија, по што ќе може да се имплементираат сообраќајни измени што ќе ја подобрат состојбата во сообраќајот.

DSCN6894

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари