Во сабота со почеток во 17:00 часот во Спортската сала во Кочани се игра кошаркарскиот натпревар од 4-тото коло на Третата Кошаркарска Лига во кое „Баскет Дино“ го пречекува „Баскет Кам“ од Македонска Каменица.

Два часа подоцна, поточно во 19:00 часот во рамките на 4-тото коло од Втората Футсал Лига на Македонија во салата на ОУ „Никола карев“ се игра градското дерби „Торпедо“ – „Уни Паб“.

Убава шанса за љубителите на кошарката и футсалот да бидат дел од овие натпревари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари