УТРЕ (САБОТА) „ОСОГОВО“ ЈА ПРЕЧЕКУВА „КАМЕНИЦА САСА“

Во Спорт
октомври 6, 2023
1 минути

Во Сабота и Недела се играат натпреварите од Втора Фудбалска Лига.  Сите натпревари се закажани за во Недела, освен натпреварот во Кочани кој ќе се игра утре (Сабота) со почеток во 14:00 часот.

По петте едно по друго порази „жетварите“ влегоа во победничка серија и на последните два натпревари остварија две победи. Дека се очекува интересен натпревар покажува статистиката бидејќи „Осогово“ секогаш тешко излегувал на крај со „рударите“ од Македонска Каменица. На последните три натпревари во второлигашката конкуренција во Кочани,  „Осогово“ има претрпено три порази.

Но сега е друго време, време е кочанчани да им вратат на „рударите“ и победоносната серија да продолжи. Играчите се спремни повторно срцето да го остават на теренот и да ги зарадуваат своите навивачи.

Двојки за 8-то коло:

„Осогово“ – „Каменица Саса“

„Охрид“ – „Аресими“

„Пелистер“ – „Скопје“

„Беса“ – „Вардар“ (Н)

„Тетекс“ – „Караорман“

„Башкими“ – „Кожуф“

„Победа“ – „Детонит Плачковица“

„беласица“ – „Новаци“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ