Во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а во соработка со Полициска станица – Кочани, Територијалните противпожарни етници на Кочани и Виница како и волонтери од „Црвен Крст“ – Кочани, денес на мостот кај „Шопинг Центарот“ во Кочани се одржа „Показно тактичка вежба“.

Вежбата беше наменета за спасување на настрадани лица во тешка сообраќајна несреќа на мост, со евакуирање, на настраданите од возилата, гаснење на пожар, давање на прва помош и спасување на настрадани кои по несреќата се нашле во водите на реката.

По завршувањето на практичниот дел од вежбата, во престижниот ресторан „Амор“ во Кочани се одржа Третиот стручен собир на пожарникарите од Македонија, на кој беа презентирани стручни предавања на актуелни теми.

Предавачи на собирот беа врвни експерти од Македонија, Хрватска, Србија и Австрија.

Самата показно тактичка вежба предизвика голем интерес на населението во Кочани.

DSCN6997

DSCN7022

DSCN7030

DSCN7066

DSCN7044

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари