Градското дерби „Торпедо“ – „Уни Паб“ што се одигра во рамките на 4-тото коло на Втората Футсал Лига заслужено им припадна на популарните „келнери“.

Екипата на тренерот Александар Андов беше далеку подобар противник на вечерашниот натпревар кој го добија со 6:1 (2:1).

Од самиот почеток на натпреварот се виде дека условно кажано гостинската екипа на „Уни Паб“ има доста поквалитетни играчи и многу посилна клупа од онаа на тренерот Крсте Крстев.

„Домаќините“ познавајќи го квалитетот  на својот противник се решија на една позатворена игра а шансата ја чекаа од против напади.

Почетниот резултат на семафорот стоеше се до 13-тата минута кога „Уни Паб“ дојде во водство. Но неколку минути подоцна „Торпедо“ од пенал го израмни резултатот што им даде надеж дека ќе можат да стигнат до поволен резултат, но пред заминување на одмор „домаќините“ си постигна авто-гол по што се замина во соблекувалните.

Второто полувреме започна со претпазлива игра од страна на двете екипи, но сепак играчите на „Уни-Паб“ беа тие кои ја диктираа играта.

Таквата содржајна игра даде резултат со постигнувањето на третиот гол во мрежата на „домаќините“, по што до крајот на натпреварот само се чекаше со кој резултат ќе триумфира екипата на „Уни Паб“.

Штета што натпреварот не предизвика поголемо внимание, но и оние двесте гледачи кои се најдоа на трибините беа задоволни од она што го видоа на теренот.

С. Ивановски

DSCN6605

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари