Со нова шести гола во мрежата поминаа кочанчанки на гостувањето во Скопје каде за противник го имаа лидерот на табелата „Драгон“. „Тиверија“ победи во Куманово и не му дозволува на лидерот да се одлепи, а двата од трите дебитанти во лигата и понатака со 0 (нула) бодови а своето конто.

Резултати од денешното 7-мо коло во Првата Фудбалска Лига за жени:

„Драгон“ – „Кочани“  6:0

„Речица“ – „Тиверија“  1:5

„Каменица Саса“ – „Истатов“  1:6

„Атлетико“ – „То Гол“  7:1

„Тетово“ – „Борец“  1:10

„Њу Јорк“ – „Ас Јунајтед  1:6

На табелата во водство се „Драгон“ и „Тиверија“ со по 21 бод, пред „Борец“, „Атлетико“ и „Истатов“ со 15, Ас Јунајтед 12, „Тетово“ 9, „Кочани“ 7, „Топ Гол“ 6, „Речица“ 4, „Њу Јорк“ и „Каменица Саса“ без бодови.

 

Во Третата Лига – Исток ништо ново кога е во прашање екипата на „кит Го“. Пехчевци по само 12 одиграни кола веќе обезбедија предност од 15 бодови кои се недостижни за нивните противници па уште сега можат во мирна атмосфера да создаваат тим за во Втората лига.

Резултати од 12-тото коло:

„Слога 1934“ – „Зрновка“  4:0

„Малеш“ – „Брегалица Голак“  1:0

„Овче Поле“ – „Кежовица“  1:0

„Рудар“ – „Кит Го“  2:4

На првото место на табелата е „Кит Го“ со 31 бод, пред  „Малеш“ со 18, „Рудар“ со 16, „Кежовица“, „Слога 1934“ и „Овче Поле“ со 15, „Брегалница Голак“ 14 и „Зрновка“ 1 бод.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари