Се одиграа натпреварите од 6-тото коло во Првата Пингпонгарска Лига на Македонија во кое пингпонгарите на „Кочани“ остварија по една победа и еден пораз. Најпрвин го совладаа една од двете непоразени екипи во досегашниот тек на првенството „Мултитекс“ а во вториот натпревар лошо стартуваа и поразот беше неминовен.

„Кочани“ – „Мултитекс“  4:2

„Кочани“ – „Пелистер“  3:4

Во средата во Кочани беше одигран и заостанатиот натпревар од 3-тото коло во кој домаќинот „Кочани“ ја совлада „Струга“ со 4:2

На табелата со максимален број на бодови 12 е екипата на „Телеком НЕЦ“ а веднаш по него следуваат „Кочани“, „Мултитекс“ и „Пелистер“ сите со по 10 бода.

До крајот на есенскиот дел од првенството останува да се одигра уште еден турнир, односно уште два натпревара.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари