Во организација на Карате Федерацијата на Македонија и Карате Клубот „Цветан Димов“ денес во Скопје се одржа Меѓународниот карате турнир „13-ти Ноември – Скопје“.

Во конкуренција на 400 натпреварувачи од 41 клуб од Македонија и Србија каратистите на „Партизан“ од Кочани освоија 10 медали, од кои 3 златни, 1 сребрена и 6 бронзени.

Кристијан Грозданов и Роберто Здравковски освоија по два медали.

Злато:

Кристијан Грозданов во категориите до 45 и до 50 килограми,  (2004).

Ѓорѓи Петров категорија до 55 килограми,, (2004).

Сребро:

Ангел Стојанов, категорија до 45 килограми, (2004).

Бронза:

Роберто Здравковски, категорија кадети до 57 и до 63 килограми,

Филип Стојанов, категорија до 35 килограми, (2007)

Благоја Тасески, категорија до 37 килограми (2005)

Мартина Шахинова, категорија кадети +54 килограми

Василија Христиќ, категорија јуниори +59 килограми.

С. Ивановски

52

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари