Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, преку „Нов културен бран“, Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани, во малата сала на НУЦК „Бели мугри“ во Кочани ја одржа Детската поетска работилници „Каде е таткото во поезијата?“

На работилницата зедоа учество ученици од основните училишта во општината, а во текот на работниот процес учениците беа посетени од страна на нашиот познат писател за деца Киро Донев.

Работилницата беше составена од неколку делови. Најпрво присутните преку краток вовед беа запознаени со поезијата за деца а подоцна им беше претставено творештвото на Киро Донев, кој оваа година одбележува јубилеј – 50 години творештво.

По претставувањето на творештвото, Киро Донев зборуваше, на тема: „Што треба да содржи една детска песна и на што треба да се обрне внимание?“

Третиот дел беше отстапен за трибината „Каде е таткото во поезијата?“.

82

83

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари