Неполни пет години од свеченото пуштање на спортската сала во ОУ „Никола Карев“ деновиве се покажа дека кровот не е од тој квалитет за кој се зборуваше при нејзината изградба.

Имено синоќешниот футсал натпревар „Торпедо“ – „Уни Паб“ беше неколкупати прекинуван за да се собере делот од водата што беше на еден дел од теренот за да не дојде до некоја посериозна повреда на играчите.

Организаторите се решија на за отстранување на водата откако претходно еден „гостински“ играч се лизна и незгодно падна, но за среќа се помина во најдобар ред.

Освен на теренот вода капеше и на делот од трибините па неколку седишта не можеа да се користат.

Ако по само еден дожд ова се случи, што да се очекува кога врнежите ќе зачестат а и кога ќе се започне топењето на снежната покривка која се очекува во зимските денови.

Дали изведувачот на кровната конструкција ќе ги сноси последиците или пак се ќе падне на товар на Локалната самоуправа времето ќе покаже.

С. Ивановски

DSCN7078

DSCN7072

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари