Тричлената експедиција на Карате Клуб „Кочани“ со стопостотен учинок се враќа од меѓународиниот карате турнир „13-ти Ноември – Скопје“ кој во организација на Карате Федерацијата на Македонија и Каре клубот „Цветан Димов“ се одржа денес во Скопје.
Тројцата каратисти на „Кочани“ освоија три медали од кои два златни и еден бронзен.
Злато:
Љубомир Давитков во категоријата до 70 килограми
Наталија Карова во категоријата до 35 килограми
Бронза
Натали Веселиновска во категоријата +54 килограми.
На турнирот учествуваа 400 каратисти од 41 клуб од Македонија и Србија.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.