Кошаркарите на „Баскет Дино“ ја забележаа и третата победа во првенството на Третата кошаркарска лига, откако синоќа во Кочани ја совладаа мошне добрата екипа на „Баскет Кам“ од Македонска Каменица со резултат 97:90.

Дека ќе биде ова интересен и неизвесен натпревар се виде уште во првата па и во наредните две четвртини.

Првата четвртина им припадна на гостите 28:25 а втората на домаќините 27:25 па на одмор се замина со минимална предност за „Баскет Кам“ од само еден поен разлика кој по добивањето на третата четвртина се искачи на +2.

Сепак домаќините успеаја во последната четвртина да дојдоа до целосен пресврт и истата ја добијат со девет поени разлика 26:17 за конечно и да извојуваат победа од 97:90.

Судии на натпреварот беа Петрушевски и Јоскоски од Куманово.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари