Еден пар мрежи и по пет фудбалски топки денес им беа доделени на клубовите од третата Фудбалска Лига – Исток.

Претставници од ФФМ денес во Кочани, во седиштето на Третата Фудбалска Лига – Исток се сретнаа со претставници од клубовите кои се натпреваруваат во Третата Фудбалска Лига – Исток и им врачија по пет фудбалски топки како и по еден пар мрежи.

Како што истакнаа ФФМ ќе продолжи да ги помага клубовите во границите на нивните можности.

Со опрема беа снабдени прволигашите во машка и женска конкуренција, а денес и третолигашите, но како што истакнаа од ФФМ се надеваат дека ваква или слична опрема доколку им се пружи прилика ќе добијат и екипите од вторите лиги.

С. Ивановски

DSCN7093

DSCN7101

DSCN7109

DSCN7120

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари