Во Четврток со почеток од 12:00ч.  во Салон „Фоаје 1“ при  НУЦК ” Бели мугри ” – Кочани ќе биде отворена изложбата на 24-та Меѓународна детска ликовна колонија “Лазар Софијанов “- од Кратово а воедно ќе биде промовирана и книгата ” Македонско книжевно наследство од Кратово “- на авторот м-р Драган Георгиевски.

Традиционално од Центар за култура ” Бели мугри “- Кочани  во изминатите неколку години на Ликовната колонија „Лазар Софијанов“ редовно учествуваат по двајца членови од Училиштето за цртање и сликање при НУЦК “Бели мугри”- Кочани.

На годинешната ликовна колонија  учествуваа дваесет и осум млади уметници и пет ментори од Македонија (Прилеп, Кочани, Ново Село -Струмица, Пробиштип, Кратово и Куманово), како и гости од соседна Бугарија (Софија). Учесниците заедно со своите ментори работеа на теми од „Староградска архитектура на Кратово“, кулите, мостовите и останатите градби карактеристични за овој град.

На ликовната колонија „Лазар Софијанов“ што се одржа оваа година од Кочани учествуваа Марија Гушкова  и Пандора Манева.

19144186_335548266864241_8287904081391911560_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари