Одделението за јавни дејности во Општина Кочани ги повикува здруженијата, институциите од културата и сите уметници и поединци кои можат да дадат придонес да учествуваат на јавна трибина за планирање на општинскиот буџет за култура што ќе се одржи в четврток, на 16 ноември 2017 година во Салата на Советот на Општина Кочани со почеток во 18:00 ч.

На трибината може да присуствува секој граѓанин на Кочани што сака да земе непосредно учество во одлучувањето за работи од јавен интерес од локално значење и во надлежност на општината.

Одделение за јавни дејности

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари