Наш читател фотографирајќи денес несекојдневен превоз на домашно животно, му паднало во очи и еден од повеќето билборди во градот на кои стои плакат како дел од изборниот материјал за „Локалните избори 2017“.

Иако Локалните избори во Кочани завршија пред месец дена за жал уште на билбордите во градот стојат рекламни материјали на политичка партија.

За потсетување: по извлекувањето на броевите за бесплатно рекламирање (22.09.2017 година) на претставниците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на претставникот на независната листа Венко Крстевски и на кандидатот за градоначалник од СДПМ јасно им беше ставено до знаење дека по завршувањето на изборите сите оние кои имаат поставено плакати ќе мора ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги отстранат како не би подлегнале на казни според Законите во Република Македонија.

Не знаеме дали е применет законот.

Се замолуваат сите граѓани да ни достават фотографии доколку и на останатите билборди во градот има ваква појава, без разлика за која партија се работи.

С. Ивановски

02

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари