За во Четврток е закажан натпреварот од 5-тото коло во втората Футсал Лига. Со почеток во 19:00 часот во салата на ОУ „Никола Карев“ се игра натпреварот помеѓу „Уни Паб“ и лидерот на табелата „Црна Река“.

Во досегашните четири кола гостите како лидери се со стопостотен учинок, додека „келнерите“ заостануваат за три бода, но со добри шанси доколку го совладаат својот противник да се борат и за есенската титула.

На домаќините во овој натпревар и те како им е потребна помошта од публиката.

Шанса е за кочанчани да ја наполнат салата до последното место, да му помогнат на „Уни Паб“ и да покажат дека навистина го сакаат спортот.

Влезот е слободен.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари