Вечерва околу 17:45 часот на магистралниот пат А3, на патниот правец Кочани – Штип дошло до сообраќајна несреќа помеѓу автобус и патничко возило.

Несреќата се случила на стотина метри пред Облешево а во истата настрадале четири лица.

Првите тројца извлечени од возилото со возило на брзата помош се пренесени во Општа Болница – Кочани а четвртото лице за да биде извлечено морала да интервенира и противпожарната единица од Кочани.

Тие најпрво интервенирале со 1 возило и тројца пожарникари а подоцна им се приклучило уште едно возило и тројца пожарникари кои интервенцијата ја завршиле некаде околу 20:30 часот.

Дознаваме дека последното лице кое со помош на пожарникарите било извлечено од автомобилот се здобило со скрешеници на левата рака и левата нога.

Допрва ќе се испитуваат причините за несреќата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари