Драматичен и неизвесен натпревар одиграа ракометарите на „Младинец“ и „Велес 2009“ во 4-тото коло од Кадетската ракометна лига на Македонија во кој славеа домаќините со 28:26 (14:15).

Околу двесте гледачи  се најдоа на трибините во салата на ОУ „Никола Карев“ и за време на целиот натпревар беа осмиот играч на домаќините.

Играчите на „Младинец“ мошне добро го отворија натпреварот и веќе во 5’ имаа водство од 4:1, но по старото правило во желба да го дотолчат противникот почнаа да грешат а гостите од Велес тоа го искористија и поведоа а водството не го испуштаа до крајот на полувремето. Во ист стил продолжи и второто полувреме па велешани веќе во 38’ имаа позитива од четири гола. Сепак по Тајм аутот кочанчани направија серија од 3:0 и намалија на еден гол. До 57’ се играше гол за гол кога гостите направија лоша замена по што заработија исклучување а „младинците“ тоа го казнија и со два едно по друго голови дојдоа повторно во предност.

На 40’’ „Велес 2009“ имаа шанса за израмнување, но не беа концентрирани во последниот напад ја загубија топката и со нов гол во нивната мрежа на радост на сите во салата „Младинец“ славеше со 28:26.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари