Во 8-то коло од Првата Фудбалска Лига за жени, многу потешко одошто се очекуваше кочанчанки ја совладаа мошне цврстата и упорна екипа на „Тетово“ која е дебитант во лигата со резултат 4:3 (3:1).

Домаќинките добро го започнаа натпреварот и во периодот од 13-тата до 24-тата минута веќе имаа водство од 3:0 што навестуваше сигурна и висока победа. Но водството како да ги успа домашните играчи што гостите го искористија и намалија на 3:1 со резултат со кој се замина на одмор. Во 58’ нов гол во мрежата за гостите и повторно три разлика. Но идентично како и во првото полувреме дури тогаш гостите се разиграа и со два гола во мрежата на домаќинките се влезе во една интересна и неизвесна завршница, која не донесе повеќе промени.

Головите за „Кочани“ ги постигнаа Петровиќ (13’58’), Ѓорѓиева (14’) и Благонова (24’), додека стрелци за гостинската екипа се Емини (34’), шерифи (68’) и автогол на Тодоровска (85’).

Резултати од 8-то коло:

„Кочани“ – „Тетово“  4:3

„Тиверија“ – „Њу Јорк“  10:0

„Атлетико“ – „Каменица Саса“  11:2

„СЦ Истатов“ – „Речица“  8:2

„Ас Јунајтед“ – „Драгон“  1:6

„Топ Гол“ – „Борец“  1:6

Во водство се „Драгон“ и „Тиверија“ со 24 бода, пред „Борец“, „Атлетико“ и „СЦ Истатов“ со по 18, „Ас Јунајтед“ 12, „Кочани“ 10, „Тетово“ 9, „Топ Гол“ 6, „Речица 4“, „Њу Јорк“ и „Каменица Саса“ 0 бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари