Во петокот, на 17 ноември, Одделението за јавни дејности организираше јавна трибина за планирање на општинскиот буџет за култура. На средбата со претставници на здруженија, институции од културата, уметници и поединци беше претставен досегашниот начин на намена и трошење на средствата од културата.

Дел од присутните упатија забелешки за начинот на приближување на културните активности до јавноста и побараа модернизирање на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ односно нејзина трансформација во урбан фестивал којшто со текот на времето ќе донесува пари во општината.

Беше разговарано и за потребата од реконструкција на културните објекти: Мултикултурниот центар, простории од Спомен-домот „АСНОМ“, Центарот за култура, Споменикот на слободата, Библиотеката „Искра“… Градоначалникот Николчо Илијев ја нагласи отвореноста на Општината за вградување на изнесените предлозите во Програмата за култура.

„Општината е отворена, веќе правиме попис на просторот со кој располагаме и состојбата во која тој се наоѓа. Подготвени сме да доделиме дел од него на културните работници и здруженија без надоместок, само за одржување. Размислуваме и за самоодржливост на најголемата културна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Кочани неколку години со ред, се украсува на ист начин за новогодишните празници. И овде сакаме да внесеме измени, но времето е прекратко“ додаде градоначалникот Илијев, повикувајќи ги сите чинители од областа на културата да се обединат и да работат во секој сегмент од културното живеење.

Според најавите, се очекува уште една отворена расправа на оваа тема.

DSC_0037

DSC_0030

 

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари