Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, денеска донесе решение, со кое членот на Советот на Општина Кочани, Благој Ситновски ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.

Решението е донесено врз основа на ченот 52, став 5 од Законот за локална самоуправа и е во согласност со членот 29, ставови 1, 2 и 3 од Статутот на Општина Кочани.

Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Кочани“.

REshenie.-Sitnovski

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари