КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ, ЗАЛОВЕНИ 16 БЕЗДОМНИ КУЧИЊА ВО КОЧАНИ

октомври 18, 2023
1 минути

КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани и Veterinarna Stanica Vinica денес вршеше заловување на бездомните кучиња согласно програмата за хуман третман и беа заловени 16 кучиња.

КЈП “Водовод” Кочани презема доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, приоритет за заловување и третман на бездомни и нерегистрирани кучиња се дава на дворните површини на училиштата, детските градинки, јавните објекти и други фреквентни места во централниот дел на општината.

Денешното заловување беше спроведено во основните училишта: ОУ “Никола Карев”, ОУ “Кирил и Методиј” и ОУ “Раде Кратовче”. Исто така заловување на бездомни кучиња беше спроведено во Стришани и на Брана Градче.

Заловувањето се врши според програмата за третирање и постапување со животните скитници на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година, донесена од страна на Советот на Општина Кочани. При заловувањето на кучињата често се утврдува дека тие имаат микрочипови, односно имаат сопственици, поради што за заловување и третман наплатата за услугата се префрла на товар на сопствениците. Па така при денешното заловување на јавна површина беа заловени две кучиња со микрочипови па за нивните сопственици ќе биде отпочната соодветна прекршочна постапка, а наплатата за заловувањето ќе биде префрлена на сметка на сопствениците.

КЈП “Водовод” Кочани, апелира до сите сопственици на кучиња, без разлика дали се регистрирани или не, да се грижат за своите миленици и да не ги пуштаат без придружба на сопственикот да се движат на јавни места.

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ