Вчера (Вторник) во 17:05 часот е пријавено дека на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа во која учествувало ПМВ „Форд Фоку“ управувано од МС (24) од населбата Оризари и три малолетни пешаци (2001, 2001, 2000).

Со тешки телесни повреди трите пешаци биле пренесени во Општа Болница во Кочани од каде малолетничката 2000 од село Саса по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите е пренесена во Клинички Центар во Скопје, а останатите две малолетнички по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Со овластување на Јавен Обвинител увид во местото на сообраќајката извршиле полициски службеници од ПС – Кочани.

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари