Во салон „Фоаје 2“ при НУ Центар за култура „Бели Мугри“ беше провирана стрип-книгата „Кочо Рацин – живот, песни и смрт“ најново издание на „Стрип центарот на Македонија“ со седиште во Велес дело на авторите Ване Трајков и Димитрија Михајловски.

„Тајната на стрипот е во едноставниот пристап во раскажувањето приказна преку слики, која ги плени луѓето од целиот свет повеќе од сто години. Стрипот е приказна базирана на сценарио и раскажана преку цртежи – накусо филм на хартија. Поради големата популарност, стрипот како форма на културен израз се здоби со епитетот „деветта уметност“. Стрипот не излегува од тренд. Тој сеуште е голем предизвик за многу писатели, уметници, драматурзи, сценаристи, карикатуристи, афористи …. заедно да создадат дело кое во себе вклучува повеќе културни вредности. За читателите и колекционерите е можност да уживаат во стрип магијата.“ истакна Габриела Стефановска – стручен соработник за книжевност и издавачка дејност при НУЦК „Бели мугри“ од Кочани.

Изданието го промовираше Ване Трајков еден од неговите автори кој истакна дека сценариото наменето за филм или драмска серија, го преточиле во стрип издание.

Промоцијата на стрип-книгата „Кочо Рацин – живот, песни и смрт“ е во пресрет на празникот 25 Ноември и денот на основањето на НУЦК „Бели мугри“ во Кочани, како и 78-годишнината од отпечатувањето на Рациновите „Бели мугри’.

На промоцијата која предизвика голем интерес беа претставени и останатите стрип изданија на „Стрип центарот на Македонија“ од Велес.

С. Ивановски

DSCN7704

DSCN7710

DSCN7732

DSCN7714

DSCN7722

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари