Се одиграа натпреварите од 14-тото, последно есенско коло со што и официјално се спушти завесата на првиот дел од првенството во Втората Фудбалска Лига – Исток.

„Жетварите“ загубија во Македонска Каменица, а поразите на „Борец“ и „Брегалница“ на гостински терен беа причината екипата на „Беласица“ ја понесе титулата Есенски Шампион што според игрите во изминатите 14 кола  е повеќе од заслужено.

„Осогово“ добро го започна натпреварот во Македонска Каменица, на почетокот имаа и греда, но потоа домаќините ја презедоа играта во свои раце и да не беше на голот на „жетварите“ расположениот Лазаров „Каменица Саса“ уште во првиот дел ќе имаше високо водство. Единствениот гол во првото полувреме домаќините го постигнаа во 35’. Второто полувреме кочанчани го започнаа поофанзивно, физички домаќините почнаа да паѓаат но гостите сепак тоа не знаеја да го искористат а казната стигна во 87’ кога донеодамнешниот играч на „Осогово“ Драган Паунов постигна вистински евро гол.

Резултати од 14-тото коло:

„Каменица Саса“ – „Осогово“  2:0

„Тиквеш“ – „Борец“  2:0

„Кожуф“ – „Брегалница“  4:1

„Плачковица“ – „Победа“  4:1

Слободна во ова коло беше екипата на „Беласица“.

Есенски Шампион е „Беласица“ а „Осогово“ е на претпоследното 8-то место со само 8 освоени бодови и му претстои грчевита борба за зачувување на второлигашкиот статус напролет.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари