Извидничкиот Одред „ЛАСТОВИЦА“ од Кочани го искористи последниот ноемвриски неделен ден за свои активности.

Станува збор за извиднички марш на „Осоговските Планини“, поточно до м.в. „Раткова Скала“.

На маршот учествуваа 30 извидници од кои најголем дел беа деца на возраст од 13 до 16 години. Со превоз обезбеден од локалната самоуправа на Општина Кочани, извидниците стигнаа до „Пониква“ а потоа се упатија пеш.

Рутата беше во должина од 12 км или околу 4 часа активно пешачење.

Сепак  патеката мораше да биде коригирана и насочена во друг правец бидејќи во близина на самиот локалитет имаше ловци на диви свињи, па старешините на одредот не сакаа да ризикуваат кога се работи за безбедноста на децата.

Прекрасните временски услови и доброто расположение кое владееше во групата придонесоа извидниците од Кочани да го збогатат својот календар на активности со уште една успешна акција.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

86

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари