Голем интерес предизвика презентацијата на ДУП за Градската четврт 16 во Кочани, што се одржа во салата на Советот на Општина Кочани.

Поголем број сопственици на стопански објекти и на земјоделско земјиште што се наоѓаат овде дојдоа да слушнат за предложените решенија од урбанистите за уредување на просторот.

Се работи за локацијата на дел од старата индустриска зона во месноста Слатина, односно територијата од кај железничката станица, до трафостаницата на ЕВН, потоа во близина на обиколниот пат, па се до просторот во близна на муслиманските гробишта.

Градската четврт 16 опфаќа поголем број парцели, односно зафаќа вкупна на површина од околу 56 хектари наменети за стопанска дејност.

Со презентацијата всушност започнува постапката за донесување на ДУП-от, а за што во тек е и јавна анкета што ќе трае до 15 декември

Присутните на јавната презентација имаа забелешки што дел од просторот кој е земјоделско земјиште од прва класа се пренаменува во градежно, а имаше и предлози за поместување на дел од сервисните улици што треба да овозможат пристап до објектите што би се изградиле во иднина..

Предложениот детален урбанистички план за градската четврт 16 во Кочани го изработи проектантската фирма „Билд“ од Скопје и по

собирањето на мислењата од јавната анкета можно е да доживее извесни измени.

Пред конечното усвојување на ДУП потребно е да се добијат и мислења од надлежните министерства и од надлежните јавни претпријатија, што значи дека на донесувањето на планскиот документ ќе се почека извесен период.

DSCN7781

P2820491

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари