Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за Државни патишта почна со реализација на проектот за реконструкција на 12 регионални патни правци со вкупна должина 166 километри.

ЈП за Државни патишта веќе потпиша договор со проектантска компанија за изработка на проекти кои се очекува  да бидат завршени за четири месеци.

По изработката на конкретните проекти ќе се пристапи кон реконструкција на следниве патни правци:

Регионален пат Р1207, Младо Нагоричане – граница Пелинце, во должина од 19 километри

Државен пат А3, Делчево – Звегор, во должина од 5 километри

Државен пат А4, Струмица – Ново Село – граница со Р. Бугарија, во должина од 20 километри

Регионален пат Р1106, Јурумлери – Драчево, во должина од 5 километри

Регионален пат Р1107, Кавадарци – Росоман, во должина од 11 километри

Регионален пат Р1109, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија,во должина 24 од километри

Регионален пат Р1204, Куманово – Свети Николе, во должина од 25 километри

Регионален пат Р1209, Тетово – Попова Шапка, во должина од 15 километри

Регионален пат Р1302, Делчево – Пехчево, во должина од 15 километри

Регионален пат Р1304, Берово – Виница, во должина од 7 километри

Регионален пат Р1305, Битола – Демир Хисар, во должина од 10 километри

Регионален пат R2131, Драчево – Орешани – Таор, во должина од 10 километри

Средствата за реконструкција на овие патни правци се обезбедени од Светска банка, а инвестиционата вредност изнесува 14.000.000 евра.

Владата на Република Македонија е целосно фокусирана на изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија, се со цел да се овозможи поквалитетен живот на граѓаните, проток на стоки, економски раст и развој на земјата.

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари