Станари од зградата на некогашната „Стара фабрика“ веднаш спроти „Ветеринарната“ станица ни испратија неколку фотографии на кои се гледа смет во и околу контејнерите кој според она што ни го пишуваат со денови нема никој да го собере.

Како што истакнуваат целта на дописот и на фотографиите не е со некого да влезат во конфликт туку да побараат јавно надлежните да дојдат и да го отстранат сметот.

Во зградата и околните куќи живеат голем број на дечиња кои одејќи и враќајќи се од училиште мора да поминат покрај контејнерите околу кои поради сметот често се собираат кучиња бездомници.

За да не дојде до некои несакани последици се надеваме дека дописот ќе стигне до оние кои се задолжени за собирање на смет и дека истиот веднаш ќе биде отстранет.

С. Ивановски

42

43

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари