На 28.11.2017 година во 13,55 часот во Кочани, ул. „ВМРО“ на место викано „Триаголник“, полициска службеничка при вршење работи од областа на безбедноста, била физички нападната од Г.Ј.(33) од Кочани, при што тој прво почнал да ја омаловажува, а потоа ја турнал, од што таа се здобила со телесна повреда.

Лицето е приведено во Полициска станица Кочани и против истото ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР:  Дневни билтени МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари