Во чест на 3-ти Декември Светскиот ден на лицата со посебни потреби, денес претставници од Локалната самоуправа – Кочани ги посетија учениците од паралелката со посебни образовни потреби во ОУ „Малина Попиванова“ каде како и секоја година и овој пат им донираа прибор и друг материјал кој тие ќе го употребуваат во нивното творење.

За време на средбата дечињата имаа работилница насловена „Љуповта како хумана порака кон луѓето“ на која твореа на повеќе теми а воедно беа прочитани неколку песни посветени на нивниот ден.

Во знак на благодарност за донацијата и за посетата на претставниците од Локалната самоуправа – Кочани им беа врачени благодарници а на претставниците од медиумите им беа доделени честитки.

Во холот на училиштето беа истакнати и цртежи направени од вештите раце на дечињата.

С. Ивановски

DSCN7933

DSCN7925

DSCN7927

 

DSCN7931

DSCN7941

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари