Во натпревар од 7-мото коло вечерва во салата на ОУ „Никола карев“ во Кочани домаќинот „Уни Паб“ висока ја совлада екипата на „Илирет“ од Куманово 10:3 (7:1).

Домаќините веќе во 7’ имаа водство против симпатичната екипа од Куманово, но гостите во 12’ постигнаа погодок и ја вратија неизвесноста на натпреварот. Примениот погодок како да ги налути келнерите па за четири минути постигнаа уште пет погодока и на одмор заминаа со сигурни и недостижни 7:1

Задоволни од водството и од високиот резултат домаќините второто полувреме го започнаа несериозно, играа колку времето да помине и само од време на време го загрозуваа противничкиот гол.

Незадоволен од ваквиот развој на настаните тренерот на домаќините Андов стана од клупата и побара посериозна игра што резултираше со уште три погодока во мрежата на „Илирет“.

Дека гостите имаа неколку добри поединци се покажа во финишот на натпреварот кога со два погодока во 17’ и 18’ го ублажија поразот за конечни 10:3.

Најдобар играч кај домаќините несомнено беше четирикратниот стрелец Андреј Коцевски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари