Екипата на „Кочани“ загуби добиен натпревар денес во Битола. Иако кочанчанки имаа водство од 2:1 до 88’ им дозволија на домаќинките најпрвин да го израмнат резултатот а потоа да дојдат и до победата.

Девојчињата од Кочани добро го започнаа натпреварот и со головите на Ѓорѓиева во 4’ и 8’ обезбедија водство од 2:0. Но девојчињата на „Топ Гол“ не се предадоа, напротив заиграа подобро и веќе во 23’ со голот на Ристеска го намалија водството на кочанчанки.

Овој резултат беше активен се до 88’ кога Гелевска со гол во мрежата на „жетварките“ го израмни резултатот, а истиот играч во последната минути им донесе радост на Битолчанки.

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари