По иницијатива на Здружението за спортови во природа „Трекс“ – Скопја а во организација на неформалната група „ МТБ Исток“, денес на езерото „Градче“ кај Кочани се одржа првото издание на „Gradche trail run“.

Иако за натпреварувањето беа пријавени 126 натпреварувачи, на стартот се појавија 86 а трката ја завршија 81, од кои 21 во женска и 60 во машка конкуренција.

Стартот и целта беа на паркингот на Еуро Хотел „Градче“, а патеката поминуваше покрај водопадите, селото Горно и Долно Градче, „Мактеонот“ и патеката околу Браната „Градче“.

На трката со должина од 11 километри и денивелациа 470 метри најдобри беа:

Категорија мажи:

1.Иван Тимчевски 1:01:22

  1. Гоце Ангелов     1:01:24

3.Слободан Стаматовски 1:01:53

Категорија жени

1.Благица Јованова 1:11:22

2,Сања Најдовски    1:12:59

3.Катерина Шиповиќ 1:18:48

Категорија Ветерани  – над 50 години

1.Сашко Јосифовски 1:05:40

2.Аце Јакимовски       1:28:37

3.Златко Жоглев         1:37:04

Целта на овој настан беше да му се даде поголема промоција на планинското трчање од една страна и промоција на убавините на Брана „Градче“ и „Осоговските планини“ како одличен терен за планински спортови.

Натпреварот имаше меѓународен карактер бидејќи осен натпреварувачи од Македонија ги имаше и од Србија, Белгија и САД.

Настанот помина во одлична атмосфера и со поддршка од локалното население, волонтери и ентузијасти кои се заложуваат за промоција на планинските спортови.

ИСКРЕНА  БЛАГОДАРНОСТ  ДО  ФОТО  „ЛУНА“  ЗА  ФОТОГРАФИИТЕ

С. Ивановски

24337445_1797231480347361_1860504037_n

24550558_1797231467014029_183564966_n

24337202_1797231903680652_1979110730_n

24581283_1797231910347318_1066835060_n

24331326_1797231453680697_362556910_n

24550557_1797231937013982_1954493951_n

 

24463510_1797231827013993_726082693_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари