Помала група на жители на Кочани од ромската популација утринава се собраа пред салата на Советот на Општина Кочани во знак протест поради нееднаквоста при вработувањето. Како што истакнаа тие се незадоволни од Градоначалникот и од општинскиот СДСМ при нивни вработувања бидејќи и тие биле граѓани и тие заслужуваат еднаков третман при вработувањето.

За таа цел ни доставија писмено соопштение кое го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Согласно договорот потпишан на 06.10.2017 година помеѓу господинот Ванчо Ѓоргиевски со посредство на Министерот без ресор задолжен за подобрување на состојбата на Ромите во република Македонија Самка Ибраимовски и Аки Акиов Координатор на Ромите од Кочани задолжен за избирачките места од број 842, 844, 845, 846 и 857или во гласачките места на кои гласаат голем број на Роми од Кочани.

Како предмет на овој договор беше земена согласност на сите погоре наведени страни дека по завршувањето на локалните избори кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ ќе ги исполни сите точки од наведениот договор во кои се бара еднаков третман и на Ромите  со паролата живот во Македонија за сите.

Координатор на Ромите од Кочани

Аки Акиов

По даденото соопштение Координаторот на Ромите од Кочани Аки Акиов оствари средба со Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и како што сме известени постигнат е начелен договор околу овој проблем што ја засега ромската популација во градот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари