Со одигрувањето на натпреварите од 14-тото коло заврши есенскиот дел во Третата Фудбалска Лига – Исток.

Како и што се очекуваше екипата на „Кит Го“ убедливо води на табелата. Екипата од Пехчево немаше дораснат противник во изминатите 14 кола во кои забележа 13 победи и само еднаш одигра нерешено и со извонредна гол разлика 60:07 ја понесе титулата есенски шампион.

Во последното есенско коло се одиграа три од закажаните четири натпревари. На сите натпревари славеа домаќините а во Пробиштип домаќинот натпреварот го доби со службен резултат бидејќи екипата од Виница не отпатува да го одигра натпреварот.

Резултати од 14-тото коло:

„Брегалница Голак“ – „Овче Поле“  3:0

„Лит Го“ – „Малеш“  2:1

„Кежовица“ – „Зрновка“  8:0

„Рудар“ – „Слога 1934“  3:0 (службен резултат)

Првото место на табелата е резервирано за „Кит Го“ со 40 бодови, а по него следуваат: „Малеш“ 24, „Брегалница Голак“ 23, „Кежовица“ 21, „Рудар“ 19, „Овче Поле“ 18, „Слога 1934“ 15 и „Зрновка“ 1 освоен бод.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари