Полициската станица од општа надлежност во Кочани ги известува граѓаните, а посебно учениците и останатите припадници на помладата популација, дека во пресрет на Новогодишните о Божиќните празници ќе биде зголемена понудувачката, побарувачката, купопродажбата и употребата на пиротехнички средства. Според наведеното, ПС Кочани укажува дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против Јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија, односно за физички лица се однесуваат следните законски одредби:

Согласно со Законот за прекршоци против ЈРМ, член 31, „Кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозив или запалив материјал или на слични начини го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска против вредност“ и чкен 32 „Кој на јавно место неовластено приреди огномет, факелијада или слични приредби или не преземе мерки за безбедност во смисла на членот 39 од овој закон (каде што е предвиден начинот и постапката на пријавување и одржување на самата приредба), ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Согласно со Законот за заштита од експлозивни материи, член 69 став 1 точка 4 „Оној кој набавува експлозивни материи заради употреба без одобрение, ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 400 евра во денарска противвредност.

Согласно со Кривичниот законик на РМ, член 396 став 1 „Тој кој што неовластено употребува, држи, продава, набавува или врши размена на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“, став 2 од истиот член „Ако преметот од делото од став љ е поголема количина на огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“, и став 4 од истиот член “Ако предметот на делото од став 1 на овој член е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни,  свечени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до 3 години“.

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат законските прописи, да соработуваат со полицијата доколку забележат лица кои на тезги, во продавници, од магацини или во други услови продаваат пиротехнички средства или доколку забележат лица кои такви средства неовластено употребуваат. Истите да ги пријават лично на терен на полициските службеници или преку бесплатниот телефонски број 192. Посебно се апелира до малолетната популација да се воздржи од купување и употреба на петарди, бидејќи постои голема опасност од предизвикување на штетни последици, од кои најмногу по здравјето на луѓето.

Командир на ПС Кочани

Горанчо  Јакимовски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари