Фан клубот „Mazedonien 2015“ на вечерашниот натпревар „Баерн“ – „ПСЖ“ беше на своето вообичаено ниво. Навиваа за време на целиот натпревар, се радуваа на головите на Левандовски и Толисо (2) и на крајот со песна ја напуштија „Алијанц Арената“.

На клубот уште пред два дена му се придружи и група навивачи од Кочани Александар, Филип, Ивица и уште еднаш Александар. Облечени во реквизитите на нивниот сакан клуб тие со нетрпение го чекаа денот и почетокот на натпреварот.

Со основачот на фан клубот Кире Андонов запишаа уште една победа, една голема победа над големиот „ПСЖ“.

Ова е како што ни рече Кире во дописот загревање на понатамошните натпревари во Лига на Шампионите.

Овој пат групата броеше околу петнаесетина, но напролет кога ќе започнат елиминациите и кога временските услови ќе се подобрат сигурно е дека и бројот на навивачи од Македонија а секако и од Кочани ќе биде поголем и со бодрење и песна како што истакна Кире ќе го носат нивниот саканиот „Баерн“ и до самото финале.

С. Ивановски

72

 

74

75

 

 

 

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари