Следниот Четврток (14-ти Декември) во Спортската сала „Љупчо Сантов“ ќе се организира голем хуманитарен концерт за нашиот Сограѓанин Методи Митев.

Митев веќе неколку години макотрпно собира средства за неговата операција во Кина, ова е уште една можност да купиме билет, да донираме на неговата сметка и да му помогнеме конечно да замине во Кина а по враќањето да застане на здрави нозе.

Според организаторот на концертот, Општина Кочани засега своето присуство го најавиле: Даниел Кајмаковски, Филип Божиновски, Јордан Митев, Ален Хасановиќ, Благоја Грујовски. Елена Петреска, Драгана Јорданова.

Водител на концертот ќе биде Јелена Спанџарска.

Почетокот е во 20 часот а влезницата чини само 100,00 денари.

Да ја покажеме хуманоста на дело и да дојдеме во што поголем број.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари