Согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кочани за 2017 год. е извршена превентивна дератизација на Градската депонија и на канализациските системи во Кочани и во селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари.

Општата дератизација се спроведе изминативе две недели и се реализираше со стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје во координација со Општина Кочани и со технички лица од КЈП „Водовод“.

За вкупната дератизација беа употребени 240 кг кумарински препарати поставени во околу 2 илјади шахти.

IMG_0435

IMG_20171128_115530

IMG_0442

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари