На покана на нашите пријатели од Оризари денес ја посетивме населбата и на лице место се уверивме во активностите што ги презеде новиот Градоначалник на Општина Кочани Николчо Илијев.

И додека фотографиравме внимателно ги слушавме коментарите на поголем број на жители од горните улици на населбата, „АСНОМ“ и „Ангел Донев“, „Оваа зима за нас ќе биде благословена бидејќи нема да газиме во кал. Секогаш пред избори ни ветуваа дека ќе се преземат активности после изборите и дека нашите улици кои се доста ископани и вистинска умешност е по кал да се поминуваат ќе бидат санирани, но после изборите сите забораваа на нашата мака. Овој градоначалник пред изборите не вети дека колку се неговите можности ќе се ангажира за да ни помогне. Еве за неполни два месеци како е на функцијата она што ни го вети сега го претвора во реалност. Убедени сме дека до крај на неговиот мандат ќе добиеме вистински асфалтирани улици на кои чекаме од 1982 година“ беше коментарот што меѓу себе го водеа мештаните.

Не помина долго време и како по некој договор на самото место на активностите пристигнаа Градоначалникот Николчо Илијев и заменик Градоначалникот Благој Ситновски за да на самото место го видат она што претходно било договорено.

Имено асфалтот што се греби од Истибање кон Македонска Каменица наместо да се фрла или разнесува на инсистирање на Илијев е дониран на Општина Кочани, а тие истиот го наменија за жителите од високите улици во населбата Оризари.

Исто така видливо беше и порамнувањето на улицата „Кеј на Револуцијата“ која го зафаќа десниот кеј од „Оризарска Река“ што почнува од мотелот „Дончо“ па покрај ресторан „Пердика“ излегува  главните улици во населбата „Маршал Тито“. Планирано е и на оваа улица да се нанесе асфалтен слој за да и овие жители конечно добијат попристоен пристап кон своите домови.

Каков-таков асфалтот се поставува и голем број од жителите на Оризари ќе имаат една олеснителна околност преку оваа зима, нема да газат ниту тие во кал, а нема да останат заглавени ни нивните возила.

Се е добро кога она што е ветено ќе почне да се реализира.

С. Ивановски

DSCN8004

DSCN8016

DSCN7965

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари