Две победи остварија екипите од Кочани во претпоследното коло од есенскиот дел во првенството на Втората Футсал Лига.

Најпрвин екипата на „Уни Паб“ го совлада „Карадаку“ со 7:4 (4:1), а додека во вториот натпревар „Торпедо“ беше поуспешно“ од „Саса“ и забележа победа од 6:3 (4:2).

Карактеристично за двата натпревари е што домашните екипи играа сигурно за време на натпреварите и своите победи не ги доведоа во ниту еден момент во прашање.

Есенскиот дел од првенството завршува следниот викенд.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари