Сите рокови одамна поминаа а од одржувањето на традиционалниот меморијален турнир во борење 21-ви по ред, „Андонов – Колев“ ниту глас да се слушне.

Промените на власта на локално ниво ги зовреа страстите кај одредени поединци кои веднаш побараа и смена на раководните структури во БК „Спартак“ – Кочани. Беше најавено Вонредно Собрание на клубот за да се одбере нов раководен тим кој патем меѓу сите други обврски во клубот требаше да го организира турнирот.

За жал до денес ниту Вонредно Собрание на БК „Спартак“, ниту нов раководен тим, ниту пак одржување на еден веќе традиционален турнир во борење кој во изминатите дваесет години успешно се одржуваше.

Во Локалната самоуправа во Буџетот за 2017 година има предвидено средства кои треба да бидат доволни за одржување на 21-виот турнир, е сега друга е работата доколку некој сака и „преку лебот, погача“.

За потсетување само, турнирот „Андонов – Колев“ се организира во чест на двајцата некогашни борачи на клубот, подоцна спортски работници во борењето (тренер и судија) кои за жал прерано го напуштија овој свет.

Токму имињата на Андонов и Колев заслужуваат внимание.

С. Ивановски

P1170584

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари