По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, во Петок (15 декември) во салата на НУ Центар за Култура „Бели Мугри“ – Кочани Фолклорниот ансамбл „Мугри“ кој работи во склоп на истата установа ќе одржи фолклорен концерт.

Концертот насловен „Мугри“ за прв пат се организира по повод претстојните празници, а на истиот освен домаќинот ФА „Мугри“ ќе земат учество и поканетите гости:  КУД „Мирка Гинова“ (Демир Капија) и КУД „Ефрем Каранов“ (Кратово).

Концертот започнува во 18:00 часот а цената на влезниците е 50,00 денари.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари