Територијалната противпожарна единица – Кочани, апелира пред почетокот на грејната сезона граѓаните да ги исчистат оџаците за да се избегне појава на пожари.

„Неисчистените димници се најчеста причина за пожари во зимската сезона. Во текот на оваа календарска година имавме 24 интервенции на запалени оџаци, а од октомври досега две. Додека се добри временските услови граѓаните нека ги исчистат оџаците за да не се создадат причини за интервенции од поголеми размери“ повика Дејанчо Арсов, командир на Територијалната противпожарна единица во Кочани.

DSC_0035

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари