Општина Кочани како единица на локалната самоуправа се оградува од случувањата кои членот на Советот, Венко Крстевски во фејсбук-објава ги опишува како вербален скандал што се случил по седницата на Комисијата за финансии, буџет и локален економски развој, помеѓу него и раководителката на Одделението за јавни дејности, Голубинка Георгиева.

Го осудуваме секое недолично однесување, провоцирање, заканување и јавно навредување, посебно меѓу возрасни и јавни личности.

Цениме дека во меѓусебната комуникација сите подеднакво треба да ги користиме демократските и правните инструменти за разбирање и решавање на прашањата од јавен интерес.

Повикуваме на толеранција и коректни меѓучовечки односи врз коишто почива севкупниот амбиент во локалната заедница.

Кабинет на градоначалникот

на Општина Кочани,

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари