Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, во периодот од 12 до 14 декември е во официјална посета на општините Борос и Кунгелв, во Кралството Шведска.

Во рамките на посетата на Општина Борос, градоначалникот Илијев оствари средба со градоначалникот на Општина Борос, Улф Олсон на која беше разговарано за отпочнување соработка помеѓу општините Кочани и Борос, размена на искуства и договарање форми на идна соработка во различни општествени сфери од интерес на двете општини.

Помеѓу останатото Илијев ги презентираше потенцијалите за инвестиции во општина Кочани и придобивките од нив.

Градоначалникот Илијев исто така оствари средба и со претставници на Македонското друштво на иселеници „Кочо Рацин“, со седиште во Борос, кое брои над 110 членови.

Општина Борос има 110 000 жители и се наоѓа во западна Шведска, а заедничка нишка за Кочани и Борос е што и двете општини се познати по развиената текстилна индустрија.

Посетата на градоначалникот Илијев продолжува денеска со состаноци со градоначалникот на Општина Кунгелв, посети на јавни претпријатија и установи како и средби со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска, со седиште во Гетеборг.

1 (1)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари