Со средбите кои беа реализирани во текот на вчерашниот ден, во Гетеборг и Кунгелв, заврши дводневната официјална посета на шведските општини на градоначалникот Николчо Илијев.

Илијев оствари средба и со градоначалникот на Општина Кунгелв, Мигуел Однер, на која се разговараше за воспоставување соработка помеѓу двете општини и можностите за инвестиции во бањскиот и во планинскиот туризам во Кочани. На средбата присуствуваа и членови на Советот на Кунгелв, кои се интересираа за состојбите во Република Македонија и во Кочани, а со кои се отворија разговори и за различни можности за поддршка во повеќе области.

Градоначалникот Илијев ја посети и новоизградената градинка во Кунгелв и се запозна со највисоките стандарди на изградба и функционирање на установата. Станува збор за објект чиј целокупен проект ќе биде понуден како пример во Кочани.

При посетата на Гетеборг, Илијев имаше можност да оствари средби и со секретарот и потпретседателот на Македонскиот сојуз во Шведска, Ивица Челиковиќ и Илија Марковски, со претседателот на Друштвото за шведско-македонско пријателство, Петер Першон како и со претседателот на Македонското друштво „Гоце Делчев“, Гоце Џуков. Со нив се дефинирани повеќе форми на соработка и можности за реализирање на донации.

444

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари